Капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, е се поблиску до заминување од „кралскиот“ клуб.
„Марка“ денес ги откри новите информации откако Карвахал беше бесен на Алваро Арбело откако го изостави од последниот натпревар против Валенсија.
Карвахал смета дека Арбелоа не смета на него посериозно и дека има поддршка од Флорентино Перез во таа одлука. Тој став е поттикнат од фактот дека клубот воопшто не преговара со него во врска со продолжување на соработката.
Карвахал е во последната година од договорот, сакаше да остане и да се согласи на помала улога и минутажа, но засега нема индикации дека ќе добие понуда.
Наводно, Алваро Арбелоа и Флорентино Перез веруваат дека Давид Хименез, како дете на клубот, има квалитет да се пробие во првиот тим следната сезона.
Овој 21-годишен бек доби шанса да биде стартер на „Местаља“ за викендот, одигра 77 минути, а потоа беше заменет од Трент Александар-Арнолд. Се чини дека Реал верува дека овие двајца можат да се борат за позицијата десен бек и дека Карвахал може да си оди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

