Крај на една ера: Кјелини му кажува збогум на фудбалот

Џорџо Кјелини денеска и официјално ќе објави крај на фудбалската кариера, ставајќи крај на една фантастична приказна што траеше повеќе од дваесет години.

Искусниот 39-годишен дефанзивец ги мина најдобрите денови во кариерата во дресот на Јувентус, а по заминувањето од „старата дама“ реши дазамине во МЛС-лигата, каде го облече дресот на Лос Анџелес. Откако неговиот тим загуби во финалето од МЛС-купот тој најави дека се уште нема донесено одлука за иднината, барајќи време за такво нешто.

Италијанскиот новинар Ромео Агрести објави дека Кјелини конечно „пресекол“, решавајќи на 39-годишна возраст конечно да заврши со играњето фудбал, иако на маса имал понуда за нов договор со Лос Анџелес.

Легендарниот дефанзивец зад своето име има 561 натпревар за Јуве, притоа постигнувајќи 36 погодоци. Во богата колекција трофеи тој има девет шампионски скудета, пет трофеи во Купот на Италија и во Супер-купот на Италија. Стигна до две финалиња на ЛШ, а на репрезентативен план најголем успех му е титулата на ЕВРО 2020, каде беше капитен на италијанскиот национален тим во победата во големото финале против Англија.

Останува да се види следниот чекор во кариерата на Кјелини, кој има на маса понуда да стане дел од директорскиот тим на Јувентус, или пак да биде дел од највисоките структури во МЛС-лигата, каде со своето исксутво би помогнал фудбалот уште повеќе да се развие од другата страна на Атлантикот.

Се вчитува...