Крај на една ера: Кјелини заминува од Јувентус на крајот на сезоната

Легендата на Јувентус, Џорџо Кјелини од следната сезона нема да ги брани боите на торинскиот гигант, потврди самиот играч. Со тоа ќе биде ставен крај на една ера од 17 години исполнета со девет трофеи во Серија А и пет титули во Купот на Италија.

Кјелини изјави дека е горд на фантастичните десет години исполнети со доминација, а сега е време на другите играчи да направат успех.

„Направив се што можев и се надевам дека оставив некое наследство. Имавме фантастични 10 години на кои сум многу горд, а сега е време на другите да продолжат. Во понеделник ќе кажам збогум пред домашната публика, а ако имам сили можеби ќе настапам и во Фиренца. Тоа е целосно моја одлука“, изјави легендарниот стопер.

Сега 37-годишникот е дел од Јувентус од 2005 година. Во „црно-белите“ бои настапи во 559 натпревари, а забележа 36 погодоци и 25 асистенции.

 

Се вчитува...