Крај на една ера, Компани емотивно се збогуваше со Манчестер Сити (ФОТО)

Венсан Компани го напушта Манчестер Сити. Разделбата утрово ја објави клубот, а потоа и тој со емотивно писмо го потврди заминувањето.  Капитенот си оди по 11 сезони, четири премиерлигашки титули, 360 натпревари и сезонава со историската тројна круна во Англија.

„Знаев дека доаѓа крајот. Сепак уште ми е тешко да прифатам дека дојде овој момент. Клубот и навивачите ми дадоа толку многу, се обидов да возвратам најмногу што можев“ – напиша Компани меѓу другото во отвореното писмо.

Компани потпиша тригодишен договор со Андерлехт каде ќе има двојна улога на играч и на тренер.

 

Се вчитува...