Шејн Ларкин повеќе нема да ги брани боите на репрезентацијата на Турција, соопшти извонредниот поентер преку социјалните мрежи два дена по разочарувачкиот пораз во финалето од Евробаскет 2025.
Тој дебитираше за националниот тим во 2018 година, неодамна конечно стигна и до првиот медал со Турција, по што асот на Ефес ја соопшти својата одлука преку профилот на иснтаграм.
„Пред седум години без нинкакви очекувања прифатив да играм за Турција. Седум години подоцна, се уште ја чувствувам оваа земја за свој втор дом. Начинот на кој ме прифативте и поддржувавте не се опишува со зборови. Иако не ја остваривме главната цел да стигнеме до златото, поддршката што ја добивавме од целата земја значи многу повеќе од одличје на градите. Голема благодарност до сите тренери и соиграчи, за мене беше привилегија да ги бранам боите на Турција“, објави Шејн Ларкин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

