Евролигашиот Макаби Тел Авив наскоро ќе стави крај на една ера и ќе замине од легендарната „Менроа Мевтачим“ арена и да се пресели во нова модерна арена која ќе има капацитет од 20 илјади седишта, пренесуваат израелските медиуми.
Една од најстарите арени во Европа која е отворена во 1963 година и претрпе разни реновирања низ годините повеќе не ги задоволува барањата на навивачите на евролигашот. Капацитетот од 11 илјади седишта се исполнува само со сезонски карти и постојано се бара „карта повеќе“.
Очекувањата се дека заедно со Макаби Тел Авив новата арена ќе ја гради и градскиот ривал Хапоел кој игра во арената „Шломо“ со капацитет од четири илјади седишта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА