Легендарната американска фудбалерка, Меган Рапино официјално замина во репрезентативна пензија по пријателскиот натпревар против Јужна Африка одигран во Чикаго каде во 54. минута беше заменета на големи овации од публиката.
Освојувачката на Златната топка во 2019 година најави пензија по крајот на Светското првенство во Австралија и Нов Зеленд и крајот го дочека на домашно тло каде емотивно го доживеа натпреварот одигран во Чикаго.
Триесетиосумгодишната Рапино дебитираше за Соединетите американски држави во 2006 година. За својата репрезентација настапи на 203 натпревари, постигна 63 голови и ја предводеше северно американската држава до две шампионски титули во 2015 и 2019 година како и до олимпискиот медал на Игрите во Лондон во 2012 година.
Megan Rapinoe has played her final game for the USWNT.
Salute to an absolute legend 🫡 pic.twitter.com/pktI7i0v0v
— B/R Football (@brfootball) September 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА