Крај на една ера: Нојер се откажа од германската репрезентација!

Легендарниот голман на германската репрезентација Мануел Нојер се одлучи да не игра повеќе за националниот тим. Нојер оваа одлука ја соопшти денеска, иако пред само два дена се појави изјава во која кажа дека сака да игра и на идниот Мундијал.

Нојер завршува со репрезентацијата после 124 настапи за националниот тим, а најголемиот успех го доживеа во 2014 година кога го освои Светското првенство.

Тој играше за националниот тим од 2009 година, а беше дел во минатото и во младите селекции на „елфот“. Последен настап за Нојер му беше Европското првенство во Германија, каде што во 1/4 финалето Германија беше елиминирана од Шпанија.

Се вчитува...