Крај на една ера: По 36 години Перо Стамески заминува во пензија

Еден од најголемите спортски работници во женската кошарка Перо Стамески по 36 години објави дека заминува во пензија.

Човекот кој беше дел од сите големи успеси на Бадел, одлучи да замине во заслужена пензија. Ова го потврдија од неговиот клуб со соопштение за јавноста.

„По 36 години несебична посветеност, пожртвуваност и искрена љубов кон кошарката, со голема почит и емоции соопштуваме дека тренерот Перо Стамески – човекот кој не само што ја испиша историјата на нашиот клуб, туку и ја обликуваше иднината на многу генерации кошаркарки, заминува во пензија.
Во текот на својата славна кариера, Перо Стамески освои вкупно 9 шампионски титули со сениорскиот тим, 6 титули во националниот куп, како и бројни трофеи во младинските категории, покажувајќи дека вистинскиот успех не се мери само со резултати, туку и со трајното влијание што го оставаш зад себе. 
Од името на целиот клуб, сегашните и поранешните кошаркарки, тренерскиот тим и управата – благодариме за секоја минута помината на паркетот, за секоја победа, секој совет, секоја подадена рака и секоја тешка одлука што не водеше кон успех.
Ова не е збогум, туку до видување. Ќе останете дел од оваа кошаркарска фамилија засекогаш, со местото што ви припаѓа – во срцето на ЖКК Бадел 1862 и историјата на македонската кошарка“, стои во соопштението на ЖКК Бадел.

Се вчитува...