Еден од најдобрите тренери во историјата на НБА лигата Грег Попович се повлече од тренерската функција во Сан Антонио спурс.
Причината за оваа одлука се големиот број здравствени проблеми кои ги имаше легендарниот Поп во оваа сезона.
Тој ќе ја преземе функцијата претседател за кошаркарски операции во франшизата од Тексас.
Попович успешно го водеше Сан Антонио скоро три децении период во кој освои пет шампионски титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

