Крај на една ера: Саул Нигез заминува од Атлетико Мадрид

Саул Нигез и дефинитивно става крај на една ера и ова лето официјално ќе си замине од Атлетико Мадрид по 17 години како фудбалер на шпанскиот фудбалски гигант.

Нигез е дел од Атлетико Мадрид од 2008 година, а дебито за првиот тим го забележа во 2012 година. И покрај тоа што помина три сезони на позајмици во Рајо Валекано, Челси и Севилја, „собра“ 295 натпревари во дреот на „јорганџиите“ и се закити со шест трофеи.

Следната дестинација на 30-годишниот Шпанец се очекува да биде турското првенство каде ќе настапува за Трабзонспор.

Се вчитува...