Џоел Матип е пред заминување од Ливерпул, пренесуваат англиските медиуми. Договорот на дефанзивецот истекува на крајот на сезоната, а на „Енфилд“ не владее оптимизам за задржување на 32-годишникот.
Камерунецот е во „аут“ до крајот на сезоната поради повреда па нема да има можност да се избори за нов договор со добар настап на теренот. Во негова полза не е ниту заминувањето на Јирген Клоп од клупата на „црвените“ па изразената желба за нов договор за Матип на Германецот повеќе не е пресуден фактор.
Матип го засили Ливерпул од Шалке во слободен трансфер во 2016 година на желба на Клоп. Оттогаш одигра нешто повеќе од 200 натпревари во црвениот дрес, а постигна 11 голови и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА