Роберт Левандовски дефинитивно ја игра својата последна сезона во Барселона. Оваа вест ја потврдуваат неколку шпански медиуми, кои велат дека ставот на Барселона нема да се промени, и Левандовски нема да добие нов договор.
Полјакот има 37 години и физички не може да го издржи менталитетот што го бара Флик, и затоа неговата минутажа е намалена сезонава.
Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез тврди дека неговата замена нема да биде бомбастична како што се тврдеше како Џулијан Алварез или Ерлинг Халанд, но затоа се споменува името на Ета Јонг.
Ета Јонг летово се пресели од Виљареал во Леванте за само 3 милиони евра, но едноставно експлодираше сезонава со пет гола и три асистенции во осум меча во Ла Лига. Неговата клаузула со Леванте изнесува 30 милиони евра. Разликата е огромна, Камерунецот беше достапен пред само неколку месеци за 10 пати помала сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

