Крај на една ера во Франција: Жиру официјално заврши со репрезентацијата како најдобар стрелец

Оливие Жиру повеќе нема да игра за францускиот национален тим, откако вчерашниот натпревар со Шпанија му беше последен во неговата кариера во репрезентацијата. Напаѓачот постигна 57 гола во 137 натпревари, и со тоа остана најдобар стрелец за Франција во историјата.

Жиру со Франција ја освои титулата светски првак во 2018 година, беше дел од финалето 2022, а не успеа да дојде до трофеј од европските шампионати.

Како што е познато, Жиру го напушти Милан и се сели во МЛС Лигата во тимот на Лос Анџелес.

Се вчитува...