Крај на една ера во германскиот фудбал: Тренерот на Фрајбург после 29 години го напушта клубот

Тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот на сезоната. Тој е во клубот нецели три децении, односно 30 години и стана легенда на овој клуб, откако не работел во ниту еден друг тим.

Најпрво извршуваше различни функции во тимот, а во 2012 година го презеде и тренерското место на клубот, и објави дека на крајот на оваа сезона ќе стави крај на својата кариера.

„Размислував долго и имав доста разговори, и одлучив дека после 29 години во клубот сега е моментот да го отстапам моето место, з нова енергија, за нови луѓе и нови можности“, рече 58-годишниот Штрајх.

Пред да биде тренер, беше помошник тренер и ги водеше младинските категории на клубот.

Се вчитува...