Крај на една ера во Хрватска: Далиќ заминува по Мундијалот, веќе познат неговиот наследник

Златко Далиќ е најголемиот хрватски тренер на сите времиња. Тој ја предводеше оваа селекција до едно финале на Светско првенство и едно трето место. Најпрво во Русија во финалето загуби од Франција, а потоа во Катар стигна дури до полуфиналето, а потоа ја освои бронзата.

Престојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико би можел да биде последниот ангажман на 59-годишниот стручњак на клупата на „коцкестите“. Се зборува многу за негово заминување од клупата.

Шпекулациите одат дотаму што веќе е најден и неговиот наследник. Станува збор за Славен Билиќ, кој веќе беше селектор на Хрватска и тоа шест години во период од 2006 до 2012 година, а последен ангажман му е пред две години кога беше на клупата на Ал-Фатех. Претходно ги водеше Вотфорд, Пекинг Гуоан, Вест Бромич Албио, Ал Итихад, Вест Хем, Бешикташ, Локомотив Москва, а беше и во Хајдук и селектор на младата репрезентација на Хрватска.

Се вчитува...