Крај на една ера во Њукасл: Трипие заминува на крајот на сезоната

Англискиот фудбалер Киеран Трипие заминува од Њукасл по завршувањето на сезоната, потврди клубот на социјалните мрежи. Трипие, кој четири години е дел од Њукасл, има договор со тимот до крајот на сезоната, и истиот нема да биде обновен.

Трипие беше еден од најдобрите десни бекови во последните 10 години, а настапуваше во Манчестер Сити, Барнли, Тотенхем, Атлетико Мадрид и од 2022 година е дел од Њукасл. За англиската репрезентација одигра 54 натпревари, а се пензионираше во 2024 година.

„Дојде време кога си заминува од овој одличен клуб после четири и пол години. Тука сум како дома. Сакам да се заблагодарам на сите поддржувачи и на поддршката која ја имав во текот на лошите моменти. Ќе ми недостасуваат сите во клубот. Ви благодарам“, рече Трипие.

Се вчитува...