Крај на една ера: Златко Мојсовски замина во пензија

Поранешниот македонски репрезентативец Златко Мојсовски на 42-годишна возраст стави крај на богатата професионална кариера во која се закити со повеќе од 25 трофеи.

Во текот на кариерата Мојсовски настапуваше за Пелистер, Тиквеш, Вардар, Металург, Прилеп, Работнички и Бутел, а ја заврши кариерата во родниот крај настапувајќи за Струга.

Мојсовски зад своето име има настапи на две Европски и Светски првенства, а беше дел и од националниот тим кој настапи во квалификациите за Олимписките игри во 2012 година.

Тој заминува во професионална пензија, но останува во светот на ракометот и ќе врши функционерска улога во РК Струга.

Се вчитува...