Немања Бјелица денеска објави дека става крај на професионалната кариера, откако српскиот крилен центар не успеа да ги надмине проблемите со повредите што го мачеа во последните две години.
Тој од тие причини одигра премногу малку во дресот на Фенербахче, минатото лето дојде во Црвена Звезда, но не настапи на ниту еден меч за тимот од Белград за на крајот да го раскине договорот со „црвено-белите“.
„Дваесет години. Ти благодарам, кошарко“, ја потврди Бјелица информацијата за своето пензионирање со видео-компилација од своите настапи во богатата кариера.
Немања Бјелица првиот професионален договор го потпиша во Австрија, по што настапуваше за Црвена Звезда, Басконија и Фенербахче, од каде замина во НБА-лигата. Беше 35. пик на драфтот во 2010 година, но во најсилната лига на светот се пресели пет години подоцна. Три сезони настапуваше за Сакраменто, играше и за Мајами за на крајот да се пресели во Голден Стејт, тим со кој во 2022 стигна до титулата во НБА.
По враќањето во Европа потпиша за Фенер, потоа и за Црвена Звезда, но повредите го спречија повторно да блесне во ссвоето препознатливо светло.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

