Крај на една златна ера – Лука Модриќ го одигра последниот „кралски танц“

Реал Мадрид неочекувано убедливо „настрада“ во полуфиналето од клупскиот мундијал од ПСЖ, меч што означи и крај на една неверојатна ера – во која Лука Модриќ со години блескаше во дресот на најтрофејниот европски клуб.

Хрватот пристигна во 2012 година во Тотенхем и за кратко време се етаблираше како  еден од најдобрите во светот на својата позиција, импресионирајќи со фудбалското знаење, скромноста, начинот на кој имаше респект за секој ривал и соиграч…

По 597 одиграни натпревари и 28 освоени трофеи, дојде време да се каже збогум, откако Флорентино Перез реши да не му понуди нов договор, а Модриќ го избра италијанскиот гигант Милан за следна дестинација во кариерата, каде ќе игра следната сезона подготвувајќи се за настап на СП 2026, по што речиси сигурно и дефинитивно ќе му каже збогум на фудбалот.

„Ова е за плачење… Збогум Лука, Збогум Лукас“, пишува во коментарот на мадридскиот весник „Марка“, потсетувајќи дека заедно со Модриќ од Реал се збогуваше и Лукас Васкез… „Штета што последниот меч на Лука Модриќ како член на Реал заврши со ваков пораз, но ништо не може да остави сенка на неговата спектакуларна кариера. Нема да има фотографија со трофејот од клупскиот мундијал од својата последна средба, но засекогаш ќе биде запеметен како најдобар играч за врска во историјата на Реал“, додава колумнистот на овој реномиран шпански весник.

Се вчитува...