Крај на ЕП за Беседин – Украинецот го чека долга пауза

За Артем Беседин и дефинитивно заврши Европското првенство, откако вчера Швеѓанецот, Даниелсон остро стартуваше над него по што репрезентативецот на Шведска доби директен црвен картон.

Првите прогнози на лекарскиот тим на украинската репрезентација е дека Беседин ќе отсуства од терените три до шест месеци поради тешката повреда на коленото.

„ Лекарите ќе го дадат последниот збор, колку долго ќе трае закрепнувањето. Првите прогнози се од три до шест месеци, но по деталните анализи ќе знаеме точно колку време ќе мора Беседин да паузира“ , стои во соопштението на Фудбалската федерација на Украина.

Украина во четвртфиналето ќе игра против Англија во Рим.

Се вчитува...