Хрватска одигра маестрално против Србија, но скапо ја плати стартната победа на ЕП поради повредата што ја заработи Домагој Дувњак.
Средниот бек неодамна се врати по тешката повреда на коленото, и покрај инсистирањето на неговиот клуб Кил да не игра реши да ризикува и да игра на ова ЕП, но тоа се покажа како погрешен успех. Пред самиот крај Дувњак се повреди без дуел, се фати за мускулот на ногата и остана да лежи, по што на рацете на соиграчите беше изнесен од теренот.
„За жал, станува збор за повреда што не е наивна. Тој го повреди листот, најверојатно кинење на мускулни влакна. Вистинска штета“ – изјави Лино Червар веднаш по натпреварот.
Вообичаено паузата при вакви повреди изнесува најмалку 20 дена, што значи дека асот на Кил дефинитивно нема да може да се врати на терените за време на овој европски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА