Холандскиот судија, Дани Макели повеќе нема да суди на Европското првенство, одлучи УЕФА по неговиот контроверзен натпревар меѓу Хрватска и Италија.
Холандскиот портал „АД“ објави дека Макели веќе се вратил во Ротердам. Хрватска го изрази своето незадоволство поради осум минутното продолжение против Италија во кое примија гол за 1-1 и со тоа го завршија настапот на ЕП. ,
Макели, исто така, судеше во победата на Германија над Унгарија, при што Унгарците се жалеа на спорниот гол за наводен прекршок во напад. Ова беше второ Европско првенство за Макели, а судеше и на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА