Крај на ера – Крос пред своите се прости од фудбалот и остана без единствениот трофеј кој му недостигаше (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство откако во четвртфиналето по продолженија славеа над домаќинот Германија со 2-1.

Тоа значи дека денеска последниот натпревар во кариерата го одигра легендарниот Тони Крос. Моторот на Реал Мадрид и германската репрезентација успеа да ги освои сите можни трофеи во кариерата, освен тој на Европските првенства.

Направи кам-бек во репрезентативниот дрес, за шампионатот на кој беа домаќини, но и тоа беше недоволно за подигнување на трофејот од континенталните собири.

Се вчитува...