Залудна беше огромната радост на фудбалерите на Динамо Загреб по триумфот од 2-0 над грчки ПАОК на првиот натпревар на „Максимир“ од осминафиналето во Конференцската лига на УЕФА, по денешниот дебакл кој го доживеаја во Солун.
ПАОК продолжува во четвртфиналето на Конференциската лига откако во Солун со повеќе од убедливи 5-1 триумфираа против хрватскиот шампион.
Грците уште во првото полувреме доаѓајќи до предност од 3-0 јасно дадоа до знаење на чија страна е фудбалскиот квалитет. Динамо со голот на Хоџа во 49. минута успеа да ги врати надежите. Но, потоа следеа уште два гола на грчкиот тим за триумф од 5-1.
Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар во одбраната на Динамо Загреб.
Во четвртфиналето продолжува и Фенербахче и покрај тоа што загуби на домашен терен со 0-1 од белгиски Ројал Унион.
Во Европа продолжува и Фиорентина благодарение на гостинската победа во првиот натпревар со Макаби Хаифа, иако денеска во Фиренца одигра само 1-1 со израелскот тим.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА – ОСМИНАФИНАЛЕ
ПАОК – Динамо З. 5-1 (0-2)
Фенербахче – Ројал Унион 0-1 (3-0)
Фиорентина – Макаби Хаифа 1-1 (4-3)
Викторија Плзен – Сервет 0-0 (0-0) – по пенали: 4-3
* Во заградите се резултатите од првите натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

