Крај на фантастичната серија: Ѓорѓевиќ се коцкаше, Виртус Болоња загуби

Уникс Казан е првиот тим што сезонава успеа да го совлада тимот на Виртус Болоња во Еврокупот, триумфирајќи во вториот полуфинален меч со 85-81 (1-1 во полуфиналната серија) и прекинувајќи ја серијата од 19 победи на италијанскиот клуб во ова европско натпреварување. Меѓу најзаслужните беше Џордан Теодор, Американецот со македонски пасош кој со 15 поени беше прв стрелец на својот тим.

Мечот беше супердраматичен, Уникс имаше предност од 19 поени, но Белинели со четири тројки во низа го врати тимот на Александар Ѓорѓевиќ во мечот. Рускиот состав ја загуби самодовербата во нападот, па Теодосиќ со поени во рекетот (имаше 0/8 шут за тројка) израмни на 81-81 на 19 секунди до крајот.

Александар Ѓорѓевиќ реши да не се брани до крај и беше направен прекршок, Уникс ги погоди слободните фрлања, но во следниот напад Виртус ја загуби топката по додавањето на Теодосиќ до Белинели, со што рускиот тим стигна до победата.

Мајсторката во оваа полуфинална серија ќе се игра во среда во Болоња.

Се вчитува...