Арјен Робен одлучи да стави крај на неговата активна фудбалска кариера. Холандскиот фудбалер реши дефинитивно да се повлече, откако минатата година изненади многумина кога се врати во фудбалскиот клуб Гронинген, неговата детска љубов.
Робен наполни 37 години во јануари годинава, а во текот на својата богата фудбалска кариера во два наврати играше за Гронинген, а потоа беше фудбалер и на ПСВ, Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Освојуваше титули во националните првенства на Холандија, Шпанија, Англија и Германија, додека со репрезентацијата на Холандија во 2010 година го освои второто место на Светското првенство во Јужна Африка, откако во финалето загуби од репрезентацијата на Шпанија со минимален резултат.
Beste voetbalvrienden,
Ik heb besloten om te stoppen met mijn actieve voetbalcarrière. Een heel moeilijke keuze. Ik wil iedereen bedanken voor alle hartverwarmende steun!
Groetjes, Arjen pic.twitter.com/aAEdxdL5tU
— Arjen Robben (@ArjenRobben) July 15, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА