Крај на групната фаза, а може и на првенството за Шкотот кој поцрвене против Германија

Репрезентативецот на Шкотска Рајан Портеус доби црвен картон на дуелот со Германија на отворањето на Европското првенство.

Европската фудбалска федерација го казни шкотскиот репрезентативец со суспензија од два натпревари. Покрај поразот од 5-1, Шкотска ја погоди и суспензијата на Портеус, кој нема да може да игра до крајот на групната фаза.

Портеус доби црвен картон доцна во првото полувреме по жестокиот старт врз Гундоган. Германија во тој момент веќе водеше со 2-0. Во продолжение од групната фаза, Шкотска ќе се соочи со Швајцарија на 19. и Унгарија на 23. јуни.

Се вчитува...