Крај на истрагата: Фирмино не е виновен за расизам

Роберто Фирмино конечно може да здивне откако беше обелоденето дека против голгетерот на Ливерпул нема да биде покренато обвинение за расизам по конфликтот со Мејсон Холгејт за време на градското дерби со Евертон.

Само за потсетување, тогаш Холгејт со две раце го турна Фирмино крај аут линијата меѓу навивачите, по што Бразилецот бурно реагираше и влезе во вербален конфликт со противникот. Дефанзивецот на Евертон протестираше кај судиите тврдејќи дека бил навредуван по расистичка основа, по што Фирмино и Ливерпул веднаш ги демантираа обвинувањата, но и активно учествуваа во истрагата на ФА.

Фудбалската Асоцијација зела изјави од вкупно 12 фудбалери од двата тима, како и од судиите, во истрагата вклучила и лица што читаат од усни на португалски и на бразилски јазик, по што била донесена одлука дека обвинувањата на Холгејт не се точни, а против Фирмино нема да биде покрената постапка за расизам.

Се вчитува...