По повеќе од една година завршена е комплетната истрага за трагедијата на бразилскиот фудбалски тим Чапеконсе во која, во авионска несреќа, загинаа 71 лице.
Колумбијците денеска официјално го презентираа комплетниот извештај за трагедијата во која загина речиси комплетниот тим на Чапекоенсе. Според извештајот и официјално причината за падот е тоа што авионот, дури 40 минути пред несреќата, останал без гориво. Виновни за несреќата се пилотите кои не реагирале на време со што можеби и би се спречила трагедијата.
Одговорност ќе се бара и од компанијата – организатор на летот од Санта Круз до Меделин затоа што не обезбедила доволно залихи на гориво, и што во својот пат воопшто не предвидела застанување на авионот за дополнително обезбедување гориво.
Во несреќата успеаја да преживеат шест патници меѓу кои и фудбалерите Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА