Крај на кариерата: Нани му кажа збогум на фудбалот

Уште една фудбалска приказна денеска го доби својот крај откако Нани објави крај на професионалната кариера. Овој 38-годишен крилен офанзивец реши среде сезона да му каже збогум на фудбалот, наведувајќи семејни причини за вавата одлука.

„Дојде време да кажам збогум, решив да ја завршам професионалната кариера како фудбалер.Ова беше неверојатно патување и сакам да се заблагодарам на сите личности кои ми помагаа и ме поддржуваа и во позитивните и во негативните моменти, во кариерата што траеше повеќе од 20 години и ми остави толку многу убави спомени. Време е да се насочам кон нови соништа“, напиша Нани на својот инстаграм-профил.

Тој потпиша како трансфер-бомба за Амадора, но одигра само десет средби за овој клуб, пет од нив како стартер, постигнувајќи еден гол. Последниот меч го одигра против својот поранешен клуб Спортинг Лисабон на 1 ноември.

Нани својата кариера ја почна во Спортинг, по што се пресели во Манчестер Јунајтед, тим со кој освои четири титули во Премиер-лигата и еден трофеј во Лигата на Шампионите. Тој потоа настапуваше и за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо сити, Венеција, Мелбурн виктори, Адана и за Амадора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luís Nani (@luisnani)

Се вчитува...