Франк Рибери нема да може да го носи дресот на Баерн Минхен најмалку осум седмици, по повредата што крилниот фудбалер ја заработи во 61. минута на вчерашното гостување во Берлин против Херта. Французинот се повреди без дуел, откако ја згазна топката и остана да лежи на теренот, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за повреда на латералните лигаменти во летово колено.
Добра вест е што не се повредени вкрстените лигаменти, што ќе значeше и пауза до крајот на сезонава. Во овој случај, првите лекарски прогнози изнесуваат меѓу осум и десет седмици, што значи дека баварскиот гигант ќе го има на располагање за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.
Ова е вториот огромен проблем за Баерн по повредата на капитенот Мануел Нојер, а отсуството на Рибери ќе значи и поголема минутажа за Кингсли Коман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА