Крај на кариерата за фудбалерот поради кој Џерард се „лизгаше“

Сенегалскиот фудбалер Демба Ба одлучи да ја заврши професионалната фудбалска кариера. Поранешниот фудбалер на Вест Хем, Њукасл и Челси ја подели оваа вест на социјалните мрежи само месец дена откако го напушти швајцарскиот Лугано.

За Лугано одигра само 46 минути, по што дојде до раскинување на договорот поради промената во сопственичката структура. Во кариерата ја освои Лигата на Европа со Челси, како и две титули во турскиот шампионат со Бешикташ и Башакшехир.

Сепак, детаљот по кој ќе биде запаметен се случи на натпреварот против Ливерпул кога капитенот на „црвените“ Стивен Џерард несреќно се лизна, а Сенегалецот го искористи тоа и го оддалечи Ливерпул од шампионската титула.

 

 

Се вчитува...