Ерик Ламела мина вистински кошмар во изминатата година, откако по проблемите со повредата на колкот му се закануваше и предвремен крај на кариерата. Сепак, Аргентинецот ги надмина сите пречки, во изминатите триесетина дена тренираше со тимот и вечерва ќе го има својот камбек на терените за Тотенхем, на гостувањето против Лестер.
Минаа 13 месеци од неговиот последен официјален дуел, против Ливерпул во рамките од лига-купот на Англија, а стратегот Маурицио Покетино не го крие задоволството што конечно ќе го има Ламела на расплагање.
„За сите во клубот е одлична вест што Ерик повторно ќе игра фудбал. Вчера тренираше без проблеми и сигурно ќе биде во комбинација за настап против Лестер. Периодот беше тежок за сите, но верувавме во Ламела и пресреќни сме што тој се враќа на терените“ – изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА