Заканите на ракометните прволигаши дека воопшто нема да учествуваат во следната сезона, на сениорско и младинско ниво, вродија со плод откако Агенцијата за Млади и Спорт се согласи да обезбеди ваучери и за екипи кои не се дел од елитниот ранг на натпреварување (во ракометот тоа е Супер-лигата).
Денешниот состанок на кој присутен беше и првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, вроди со плод, откако раководството на АМС конечно попушти давајќи ветување дека најдоцна до 15 септември ќе обезбеди ваучери и за сите прволигаши кои имаат аплицирано. За возврат, клубовите се обврзаа да пријават екипи за натпреварување за наредната сезона, а доколку во меѓувреме бидат изиграни од страна на Агенцијата за Млади и Спорт и не добијат ваучер во предвидениот рок, тие можат да не се натпреваруваат, и тоа да мине без санкции од раководството на РФМ.
За очекување е сличен рецепт да биде искористен и во кошарката, каде второлигашите исто така се заканија со неиграње откако не им беа доделени ваучери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА