Горан Иванишевиќ требаше да биде тренерот што ќе му помогне на Стефанос Циципас да се приближи до самиот врв на светскиот тенис. Не само што тоа не се случи, туку Хрватот неочекувано влезе во конфликт со грчкиот тенисер, јавно критикувајќи го како еден од најслабо подготвените спортисти што ги има видено во животот.
Јасно беше дека нивната соработка не тече онака како што се надеваше Гркот, а по прераната елиминација во второто коло од Вимблдон стана очигледно дека Циципас и Иванишевиќ не функционираат и дека наскоро ќе дојде до разделба.
Таа се случи токму синоќа, кога грчкиот тенисер обелодени дека ја прекинува соработката со хрватскиот тренер.
„Ми беше задоволство да работам со Горан. Носењето на ваква одлука никогаш не е лесно, но мислам дека е дојдено времето секој од нас да тргне по својот пат. Некогаш работите едноставно не функционираат како што очекувате“, објави Циципас, кој во меѓувреме падна на 11. место на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

