Крај на љубовта: Лео е на излезна врата од Милан

Рафаел Леао е многу блиску до заминување од Милан на крајот на сезонава, најавуваат италијанските медиуми по новото потпросечно издание на португалскиот репрезентативец на вчерашниот дуел со Удинезе.

Крилниот офанзивец веќе подолго време не е ниту бледа сенка од големата ѕвезда што беше кошмар за дефанзивците, во меѓувреме ги наруши и односите со соиграчите, додека тренерот Алегри има сериозни замерки околу незалагањето во фазата на одбраната.

Навивачите се бесни, тоа го демонстрираа со гласните свирежи упатени кон Португалецот кога тој беше заменет, јасен знак колку се незадоволни од неговите партии речиси цела сезона.

Управата веќе не гледа на Леао како на незаменлив дел од тимот, па информациите од Италија говорат дека Милан ќе се обиде да го продаде уште пред почетокот на СП 2026, и тоа за 70 милиони евра, по што „росонерите“ потоа би можеле да испланираат каде да ги реинвестираат овие пари.

Леао го достигна врвот кога со Милан стигна до скудетото пред неколку сезони, но сега тоа време се чини како далечно миинато. И време е секој да тргне по својот пат….

Се вчитува...