Крај на љубовта меѓу Алвес и Сао Паоло, Бразилецот во потрага на нов клуб

Бразлецот Дани Алвес и дефинитивно не размислува да стави крај на фудбалската кариера, па откако обелодени дека соработката со Сао Паоло е завршена, веќе размислува во кој следен клуб ќе ја продолжи својата кариера.

Сао Паоло му должи два милиони евра на Алвес, па токму ова е главанта причина што бразилскиот ас не сакаше да да го продолжи договорот. Алвес кој има 38 години сега е слободен играч, инаку, тој важи за најтрофеен играч на сите времиња, а на Летните Олимписки игри во Токио го освои и златото со Бразил.

Според пишувањата на медиумите за Алвес интерес покажале неколку европски клубови, се споменува и Севиља каде што во минатото настапуваше.

Се вчитува...