Крај на љубовта меѓу Пиоли и Фирентина

Управата на Фиорентина целосно го загуби трпението со Стефано Пиоли и ќе му врачи отказ на поранешниот тренер на Милан по катастрофалниот старт на оваа сезона.

Поразот во Фиренца од Лече само ја прели чашата со незадоволство меѓу „виолетовите“ ако се знае дека овој тим нема ниту една победа во првите десет рунди и моментно е претпоследен на табелата во Серија А. Веќе стана јасно дека довербата меѓу Пиоли и екипата е целосно загубена, а од синоќа почнаа да се водат преговори околу условите на разделбата.

Очекувано, Пиоли не ни помислува самиот да си поднесе оставка откако летово потпиша тригодишен договор вреден вкупно девет милиони евра. Фиорентина му понудила три милиони евра за предвремен раскин, искусниот стратег бара повеќе пари, но веќе е извесно дека тој нема да го води тимот на претстојниот меч од Конференциската лига на УЕФА, на гостувањето во Германија против Мајнц.

Се вчитува...