Додека Итудис е тренер, за Џејмс нема место во ЦСКА

Мајк Џејмс во последните неколку сезони се наметна како еден од најдобрите играчи во Евролигата, бекот инсипирираше со бројни извонредни настапи, но карактерот на Американецот го спречува подолго време да остане во еден клуб.

Така беше и оваа сезона во ЦСКА Москва каде што откако неколкупати беше суспендиран, Американецот беше и тргнат од списокот на играчи, за на крајот да се пресели во НБА потпишувајќи краторочни договори со Бруклин нетс. Руските медиуми најавуваа дека тој би можел да се врати назад во ЦСКА во текот на летово, но шансите тоа да се случи исчезнаа откако рускиот тим потпиша нов договор со тренерот ИТудис, со кого Џејмс имаше бројни конфликти.

„Јасно е дека Мајк нема да биде со нас се додека Димитрис е тренер. Вакви работи се случуваат во едно семејство, а по една искра, избива пожар. Дури и јас не ги знам сите детали, но до пред некое време се надевав дека ќе дојде до компромис“, изјави претседателот на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин.

 

Се вчитува...