Крај на љубовта: Трент Александер-Арнолд исвиркан на „Енфилд“ (ВИДЕО)

„Детето на Ливерпул“, Трент Александер-Арнолд кој помина 10 години во клубот на крајот на сезоната заминува од „Енфилд“ и тоа како слободен играч на 26-годишна возраст што предизвика големо незадоволство кај навивачите на славниот англиски клуб.

Па така за време на вчерашното претставување на фудбалери на дербито против Арсенал од трибините се слушнаа свирежи кога беше изговорено неговото име.

Ова не е последниот натпревар за Ливерпул на домашен терен до крајот на сезоната па ќе биде интересно како репрезентативецот на Англија ќе биде испратен од навивачите на натпреварот против Кристал Палас.

Се вчитува...