Веселин Вујовиќ од денеска повеќе не е тренер на Вардар откако раководството на македонскиот првак реши да му врачи отказ на овој стратег. Причината е добро позната – серијата катастрофални резултати во Лигата на Шампионите, надополнета со неочекуваниот пораз од Еурофарм Пелистер 2 со кој крајно компликувана станува и одбраната на титулата на домашната сцена.
Вујовиќ во изминатите денови изјавуваше дека верува во себе, дека ќе успее да го крене Вардар и да ги врати „црвено-црните“ на победнички патеки, но последниот пораз од Загреб дефинитивно ја прелеа чашата од незадоволство кај раководството на клубот.
Одлуката била донесена денеска, по што Вујовиќ нема да го води тимот на натпреварот со Охрид, а се очекува во најскоро време да биде именуван неговиот долгорочен наследник, со оглед на фактот дека в среда ќе следи големото дерби во Битола против Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА