Кинеската фудбалска федерација го направи првиот чекор кон намалување на лудилото на кинеските прволигаши. Во последните две сезони, клубови од кинеската Суперлига купија голем број на фудбалери од Европа мамејќи ги со енормно високи плати.
Фудбалската федерација на Кина одлучи да го намали бројот на странски фудбалери во клубовите. Бројот досега изнесуваше четири странски имиња, а во иднина ќе бидат дозволени само тројца играчи кои не се државјани на оваа држава. Покрај тоа, федерацијата ќе има поголем увид во платите на странците кои досега ги рушеа сите можни рекорди.
Освен тоа, во стартните единаесет фудбалери ќе мора да има присутни двајца играчи под 21 година како би се направил придонес кон развојот на кинескиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА