Крај на лудиот рекорд на Ињаки Вилијамс кој траеше шест неверојатни години

Ињаки Вилијамс ќе пропушти професионален меч за прв пат по 236 натпревари. Фудбалерот на Атлетик Билбао нема да биде на теренот по 236 последователни натпревари, а причината за тоа е повреда на скочниот зглоб.

Напаѓачот шест години не пропушти ниту еден натпревар во Ла Лига, соборувајќи го рекордот. Следниот натпревар на Атлетик Билбао е против Еспањол в недела, а Ињаки првпат по долго време нема да биде во протоколот.

Сите во клубот се надеваат дека тој ќе се опорави и ќе се врати на терените што е можно поскоро, а сегашните прогнози велат дека ќе мора да мирува неколку недели.

 

 

Се вчитува...