Крај на мечот во Чаир, Работнички со победа на „зелена маса“, суспензија за салата по тешкиот инцидент (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Чаир 2030 и Работнички од 9. коло во Првата македонска кошаркарска лига нема да биде доигран, а Работнички на „зелена маса“ ќе ја однесе победата по тешкиот инцидент кој се случи во втората четвртина при водство за гостинскиот тим од 23-44.

По прекинот кој траеше повеќе од половина час, судиската тројка во консултација со делегатот Данчо Ивановски донесе одлука натпреварот да не се доигра, и се очекува негова регистрација од 0-20 за Работнички.

Дополнително на сето тоа, КК Чаир 2030 ќе биде предаден на Дисциплинската комисија при КФСМ, и се очекува суспензија на теренот во салата „Шабан Трстена“, а чаирчани нема да добијат ниту бод за поразот.

Само за потсетување, Комесарот за натпреварување Милојевиќ му прогледа низ прсти на Чаир за време на минатогодишната второлигашка сезона, кога член на управата на клубот удри кошаркар на Вардар.  Останува да се види дали Комесарот овојпат ќе има храброст да санкционира онака како што заслужува ваков скандалозен инцидент.

Како што е познато, натпреварот се прекина уште на првиот натпревар за Чаир 2030 во својата сала „Шабан Трстена“ откако по еден мал конфликт меѓу Нотиџ и еден од домашните кошаркари, навивач влета од позадина и го удри играчот на Работнички.

Се вчитува...