Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал и дефинитивно го одиграа својот последен меѓусебен тениски терен. За разлика од најголемиот број нивни мечеви кои директно одлучуваа за трофејот, судбината посака нивниот последен дуел да биде тој за третото место на „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад.
Ѓоковиќ во малото финале над својот ривал славеше со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-6.
Во големото финале ќе се сретнат Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА