Екипата на ПСВ Ајндховен испиша историја во холандскиот фудбал откако во првите 17 кола оваа екипа забележа 17 победи и се зацврсти на првото место на табелата.
На таа серија сепак и дојде крајот откако ПСВ попладнево ремизираше на гостувањето против Утрехт, со што избраниците на Петер Бош за првпат сезонава испуштија бодови во домашното првенство. Се почна како што посакуваа гостите од Ајндготвен, кои во седмата минута поведоа преку Бакајоко, на асистенција на Сержињо Дест.
Утрехт успеа да израмни на почетокот на второто полувреме, ПСВ потоа имаше неколку шанси за втор гол што останаа неискористени, па гостите наместо со три се враќат назад во Ајндховен со само еден бод.
Лидерот на табелата се уште има голема предност во однос на ривалите, ПСВ сега има 52 бода, додека Феенорд има 39 и меч помалку во однос на тимот од Ајндховен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА