Крај на паузата – продолжува Супер-лигата во ракомет

Со денешните натпревари меѓу Охрид и Радовиш, односно Астраион и Струга и официјално ќе продолжи натпреварувањето во ракометната Супер-лига, кое беше прекинато поради големиот број на заразени играчи од Covid-19 во изминатиот период.

Последниот скрининг во организација на Ракометната Федерација на Македонија покажа дека кај речиси сите клубови има по мал број на играчи кои се позитивни на Covid-19, но со оглед на фактот дека овој тренд се очекува да продолжи и во наредниот период, беше донесена одлука да се продолжи со натпреварување. Исклучок ќе бидат средбите на Пролет, клуб кој има поголем број на заразени и кој ќе ги пропушти следните неколку средби, а по враќањето на заболените играчи ќе ги одигра одложените натпревари.

Во групата А досега беа комплетирани само две од предвидените седум кола, додека во групата Б се одиграа четири рунди до моментот на прекин.

Сепак, од огромна важност е што ракометот се враќа на терените, барем до комплетирање на првиот круг од натпреварувањето во Супер-лигата.

Се вчитува...