Крај на преговорите: Конте не верува во тимот од Лондон, ниту пак Тотенхем верува во него

Англиските медиуми пишуваат дека дошло до прекин во преговорите меѓу Тотенхем и Антонио Конте, па веќе е очигледно дека нема шанси да продолжат преговорите за нивна меѓусебна соработка. Во еден момент се чинеше дека двете страни можат да бидат „идеална комбинација“.

Тотенхем бараше нов менаџер скоро два месеци откако Жозе Мурињо доби отказ, додека Конте се раздели од Интер, иако им ја донесе титулата, прекинувајќи ја деветгодишната доминација на Јувентус во Серија А. Според информациите на Би-Би-Си од Италија, проблемот наводно се појавил кога поранешниот менаџер на Челси започнал да се сомнева дека Тотенхем ќе му го обезбеди потребниот буџет за играчите за новата сезона.

Во исто време, се појавија сомнежи во Тотенхем. Антонио Конте има репутација на менаџер, кој купува готови ѕвезди, додека претседателот на клубот, Даниел Леви, спроведува политика која е сосема спротивна. Создавање тим преку развој на млади играчи, како што тоа го правеше Маурисио Покетино.

 

 

 

Се вчитува...