Хаосот со Иван Перишиќ во Хајдук ќе заврши со разделба на хрватскиот репрезентативец од сплитскиот клуб, објави денеска директорот Никола Калиниќ.
За потсетување, Перишиќ не беше во тимот на последните средби, а отако тренерот Гатузо обелодени дека овој играч уште пред 20 дена побарал да си замине хрватскиот репрезентативец го навлече бесот на навивачите. Тој потпиша за Хајдук по тешка повреда на коленото, во сплитскиот клуб се рехабилитираше за да може да настапи на ЕВРО 2024, по што сега е повторно подготвен да ги смени клупските бо.
„Жал ни е што се создаде атмосфера што негативно се одрази на клубот, а особено на Иван и неговото семејство кои незаслужено претрпеа бројни навреди. Од првиот ден се знаеше дека Перишиќ најверојатно ќе остане до крајот на летото. За жак, во последните денови дојде до несогласувања кои резултираа договорот што го имавме да не биде продолжен. Во следните денови ќе донесеме одлука дали разделбата ќе биде преку трансфер или со спогодбен прекин на соработката, но сега сакаме целиот фокус да биде на наредниот меч од квалификациите за Конференциската лига против Ружомберок“, изјави Никола Калиниќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА